ОЈО: Генерално мирен изборен ден без поголеми нарушувања
Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело. Целата вест ТУКА
Мирно гласање во општина Центар, очекувања за решавање на проблемите
Работа на терен, приоритети од областа на животната средина и рационално трошење на финансиите – очекуваат граѓаните во Центар, од новите локални власти. До нив апелираат, со својата работа, да го подобрат нивниот живот.
Одзивот до 11:15 изнесува 9,38 насто
Според ДИК, до 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.
Гласањето во општина Чаир без проблеми
Некои очекуваат поуредена општина, а некои се скептични дека нешто ќе се смени. Со вакви ставови денеска чаирчани излегуваат на гласање.