Трамп пристигна на церемонијата за положување заклетва
Со аплауз и овации, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во зградата на Капитол каде ќе положи заклетва заедно со потпретседателот Џеј Ди Венс. За повеќе информации кликнете овде.
Доналд Трамп стана 47. претседател на САД
Доналд Трамп официјално стана 47. претседател на Соединетите Американски Држави (САД). Тој ја положи заклетвата во Капитол, откако пред него тоа го направи и новиот потпретседател Џеј Ди Венс. За повеќе детали кликнете овде.
Трамп: Златната доба на Америка почнува сега
„Златната доба на Америка започнува токму сега“, порача новиот претседател на САД, Доналд Трамп откако положи заклетва и стана 47. американски претседател. За пораките од инаугуративниот говор на Трамп кликнете овде.
Денот на неговата инаугурација, 20 јануари 2025 година, новиот американски претседател Доналд Трамп го нарече „ден на ослободување“. Инаугурацијата имаше и неколку моменти кои беа различни од претходните: Церемонијата беше во затворена просторија, имаше ВИП гости, рекордни донации, гости- милијардери... За повеќе детали следете го блогот во живо за инаугурацијата со кликнување овде.