Достапни линкови

Доналд Трамп стана 47. претседател на САД

Церемонијата на инаугурацијата на Доналд Трамп се одржа во зградата на Капитол, поради тоа што температурите во главниот град на САД се спуштаат до 12 степени под нулата. Обично церемонијата се одржуваше на отворено на западната страна на зградата на Капитол,.

  • Уставот на САД предвидува мандатот на секој нов претседател да почне на 20 јануари точно напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време).
  • За обезбедување на церемонијата беа ангажирани околу 25000 луѓе.
  • Со 78 години и седум месеци, Трамп е најстариот инаугуриран претседател во американската историја.
  • Според програмата, по полагањето заклетва, претседателот ќе ги потпише првите одлуки и ќе присуствува на баловите што ќе се одржат во негова чест
19:34 20.1.2025

Трамп: Сакам да бидам миротворец и обединител

Трамп: Сакам да бидам миротворец и обединител
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00

Од овој ден нашата земја повторно ќе процвета и ќе биде почитувана низ целиот свет, изјави, меѓу другото, Доналд Трамп, во говорот по преземањето на функцијата претседател на Соединетите држави. Тој денеска стана 47. претседател на САД.

19:37 20.1.2025

Трамп: Обнова на Америка и револуција на здравиот разум

Денот на неговата инаугурација, 20 јануари 2025 година, новиот американски претседател Доналд Трамп го нарече „ден на ослободување“. Првите извршни наредби на Трамп се прогласување на вонредна национална состојба на јужната граница и зголемување на американското производство на енергенси.
Целиот извештај од инаугурацијата и претседателскиот говор на Трамп е на линкот овде.

XS
SM
MD
LG