Странски лидери, технолошки милијардери, познати личности на инаугурацијата на Трамп
Трамп е првиот новоизбран претседател по повеќе од еден век кој покани странски лидери на церемонијата на полагање заклетва, јавуваат американските медиуми. За повеќе детали кликнете овде.
„Дел од историјата“: поддржувачите на Трамп на победничкиот митинг во Вашингтон
Илјадници луѓе отпатуваа во Вашингтон за да присуствуваат на масовниот митинг што го одржа Доналд Трамп еден ден пред неговата инаугурација. Толпата чекаше надвор во долги редици и покрај суровото зимско време додека многумина ја изразија својата возбуда поради враќањето на Трамп на функцијата. Видеото можете да го погледнете овде.
Протокол пред положувањето на заклетвата
Американската церемонија на која новоизбраниот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј -Ди Венс ќе положат заклетва на 20 јануари започнува во 18 часот по средноевропско време. Претходно, Трамп и Венс со своите семејства ќе присуствуваат на верска служба. За распоредот на активностите пред положувањето на заклетвата кликнете овде.
Големи очекувања на македонската влада од Tрамп
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Македонската влада очекува од новата американска администрација да отвори прашања “од сериозен економски, политички и безбедносен карактер“. За повеќе информации кликнете овде.