Достапни линкови

Доналд Трамп стана 47. претседател на САД

Церемонијата на инаугурацијата на Доналд Трамп се одржа во зградата на Капитол, поради тоа што температурите во главниот град на САД се спуштаат до 12 степени под нулата. Обично церемонијата се одржуваше на отворено на западната страна на зградата на Капитол,.

  • Уставот на САД предвидува мандатот на секој нов претседател да почне на 20 јануари точно напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време).
  • За обезбедување на церемонијата беа ангажирани околу 25000 луѓе.
  • Со 78 години и седум месеци, Трамп е најстариот инаугуриран претседател во американската историја.
  • Според програмата, по полагањето заклетва, претседателот ќе ги потпише првите одлуки и ќе присуствува на баловите што ќе се одржат во негова чест
18:18 20.1.2025

Доналд Трамп стана 47. претседател на САД

Доналд Трамп официјално стана 47. претседател на Соединетите Американски Држави (САД). Тој ја положи заклетвата во Капитол, откако пред него тоа го направи и новиот потпретседател Џеј Ди Венс. За повеќе детали кликнете овде.

17:59 20.1.2025

Трамп пристигна на церемонијата за положување заклетва

Со аплауз и овации, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во зградата на Капитол каде ќе положи заклетва заедно со потпретседателот Џеј Ди Венс. За повеќе информации кликнете овде.

17:24 20.1.2025

Директорот на ТикТок ќе присуствува на заклетвата на Трамп

Извршниот директор на кинеската компанија Бајтденс (ByteDance), која е сопственик на социјалната платформа ТикТок, Шоу Чу, потврди дека ќе присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. За повеќе детали кликнете овде.

17:09 20.1.2025

Папата го критикуваше Трамп пред инаугурацијата

Папата Франциск
Папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека по преземањето на функцијата ќе иницира построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации. За повеќе информации кликнете овде.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG