Честитки од Путин за инаугурацијата на Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин му ја честита инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој при гостувањето на руската национална телевизија изјави дека е отворен за дијалог со новата американска администрација со цел ставање крај на украинскиот конфликт. За повеќе информации кликнете овде.
Што ќе биде приоритет во надворешната политика на Трамп?
Со стапувањето на должност, Доналд Трамп, како претседател на САД, тој се соочува со неколку надворешнополитички предизвици. Како што објаснува Мајк Екел од РСЕ, војната во Украина и Русија се на врвот на агендата.
Видео-прилогот погледнете го овде.
Големи очекувања на македонската влада од Tрамп
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Македонската влада очекува од новата американска администрација да отвори прашања “од сериозен економски, политички и безбедносен карактер“. За повеќе информации кликнете овде.
Протокол пред положувањето на заклетвата
Американската церемонија на која новоизбраниот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј -Ди Венс ќе положат заклетва на 20 јануари започнува во 18 часот по средноевропско време. Претходно, Трамп и Венс со своите семејства ќе присуствуваат на верска служба. За распоредот на активностите пред положувањето на заклетвата кликнете овде.