Нова мета на Русија: Украинските возови
Серија руски напади насочени кон возовите и железничката инфраструктура предизвикаа стравувања дека Кремљ истражува како ќе реагира Киев на прекините во снабдувањето во услови на војната на Русија против Украина.

5
Внатрешноста на брз патнички воз во Киев откако беше погоден од дрон „Шахед“ во текот на ноќта помеѓу 27 и 28 август. Со оглед на тоа што украинскиот воздушен простор е затворен за патнички летови и многу патишта во источна Украина се во лоша состојба, возовите во некои случаи се единствениот одржлив начин за транспорт на локалните жители и воена опрема на долги растојанија.

6
Вагон стои на оштетена железничка станица во Лозова, источна Украина, по големиот руски напад врз железнички центар, на 5 август. Аналитичарите шпекулираат дека неодамнешните напади врз железничката инфраструктура во источна Украина би можеле да бидат начин да се тестира колку брзо железниците можат да реагираат на прекини, за да се процени колку долго би можеле да бидат прекинати снабдувачките линии во случај на голем руски копнен напад.

7
Уништена железничка станица во источниот украински град Костантиновка, 30 јули. На 5 октомври, украинската премиерка Јулија Свириденко повика на зајакнување на воздушната одбрана на Украина како одговор на нападите врз нејзините железници, тактика што таа ја нарече „доктрина на суровост“.