Поранешниот градоначалник на Херсон раскажува за тортурата по 3,5 години во руско заробеништво
„Секој ден чувствувам непријатност што момците се уште се таму, а јас сум слободен“, вели поранешниот градоначалник на Херсон, Володимир Миколаенко, кој помина три и пол години во руско заробеништво. Херсон, стратешки град во јужна Украина, беше првиот регионален главен град што падна во рацете на руските сили по целосната инвазија во 2022 година и беше окупиран осум месеци пред да биде ослободен. За времето поминато во затвор, Миколаенко ослабе 25 килограми и вели дека издржал повеќекратни тепања и тортура. Тој беше киднапиран од страна на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во април 2022 година и беше задржан во центри за притвор и казнени колонии во Русија, каде што, според него, условите биле нехумани.