Достапни линкови

Нема прекин на огнот во Украина за Трамп, само добредојде на црвен тепих за Путин


Претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин
Претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин

Владимир Путин сакаше светска сцена. Доналд Трамп сакаше мировен договор. Рускиот лидер го доби своето. Американскиот претседател не. Барем не, засега.

Личниот самит на 15 август меѓу Трамп и Путин се оформуваше како еден од најзначајните во последните години: за односите меѓу САД и Русија, за меѓународната безбедност, за најголемата копнена војна во Европа од Втората светска војна.

Уверен во својата способност за склучување договори, Трамп сакаше да ја запре 42-месечната војна на Русија против Украина, во која загинаа или беа повредени над 1 милион руски и украински војници и илјадници цивили, главно Украинци.

Уверен во способноста на неговата војска да ја уништи Украина, Путин сакаше да се појави пред глобалните телевизиски камери, на американска почва, ракувајќи се со Трамп, ослободен од меѓународна изолација.

Самит САД-Русија: Разговори за „разбирање“, но „без договор“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

На крајот, немаше договор за запирање на крвопролевањето на Русија во Украина. Немаше објавен договор за нов договор за контрола на оружјето, како што предложи Путин однапред, ниту нови деловни инвестиции, како што предложи Трамп.

„Ништо добро не се случи, но и ништо лошо“

Можно е да има договори во тек, кои сè уште не се објавени. Во интервјуата и коментарите потоа, Трамп сигнализираше дека може да се постигне некаков договор во блиска иднина.

„Доколку имаше барем мала информација за објавување, можете да се обложите дека Трамп ќе го стореше тоа“, рече Лук Кофи, руски аналитичар и виш соработник во Институтот Хадсон, тинк-тенк во Вашингтон.

„Значи, фактот дека немаше ништо објавенo ми кажува дека разговорите навистина не доведоа никаде. Ако гледаме во позитивно светло, Трамп не откри ништо, барем од она што можеме јавно да го знаеме. Тој призна од говорницата дека ќе одвои време да се консултира и да ги информира европските лидери, вклучувајќи го и Зеленски, и рече дека нема договор додека не се постигне договор“, рече Кофи.

Рано на 16 август, неколку часа по самитот, Трамп и украинскиот Володимир Зеленски разговараа по телефон еден час, заедно со европските лидери.

„Имаше „позитивни сигнали“ во врска со можното учество на САД во безбедносните гаранции за Украина“, рече Зеленски.

Тој исто така рече дека ќе отпатува во Вашингтон на 18 август.

„Кремљ го промовира ова како големо ресетирање на односите со Соединетите Држави, со оглед на третманот со црвениот тепих што го доби Путин и можноста за уште еден самит во Москва“, рече Стивен Фланаган, кој двапати беше член на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

„Коментарот на Путин дека за да се постигне „решение, трајно и долгорочно, треба да ги елиминираме сите основни причини за конфликтот“, сугерира дека Русија ја задржува својата тврда позиција кон Украина“, смета тој.

„Путин би сакал да види попослушна влада во Киев и признавање на нејзините територијални освојувања“, додаде Фланаган.

На почетокот на самитот, Трамп спомена „размена на територии“ како можност: признавање на тврдењето на Русија за окупирана украинска територија во замена за прекин на огнот или други услови. Зеленски тврдеше дека тоа е црвената линија.

Некои во Европа, чија улога во украинскиот конфликт честопати беше потценувана од администрацијата на Трамп, се плашеа од уште еден „Минхен“ - кратенка за кога западните сојузници се согласија со Хитлер во 1938 година. Или уште една „Јалта“, кога советскиот лидер Јосиф Сталин, американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот премиер Винстон Черчил ја поделија Европа по Втората светска војна.

Не беше објавена размени на територии. Ниту беа објавени нови казнени санкции на САД кон Русија, нешто со што Трамп се закани.

„Ништо добро не се случи, но и ништо лошо не се случи“, изјави Вилијам Тејлор, поранешен амбасадор на САД во Украина, за украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.

„Немаше Минхен, ниту Јалта, каде што Украина ќе беше продадена“, вели тој.

„Добредојде, црвен тепих, ракувања“

„За Киев, очигледно може да биде полошо“, оценува Стефан Мајстер, директор на Центарот за ред и управување во Источна Европа, Русија и Централна Азија, во Германскиот совет за надворешни односи.

„Можеби се согласиле за нешто. Но, ако се согласиле, тоа ќе беше објавено. Трамп не е подготвен да биде негативец и да им наметне ужасен договор на Украинците“, рече Ерик Чиарамела, поранешен советник во Советот за национална безбедност на Белата куќа, сега виш соработник во Карнеги фондацијата за меѓународен мир.

Ниту Путин е подготвен да направи какви било големи компромиси само за да му даде победа на Трамп“, вели тој.

Откако ја започна целосната инвазија во февруари 2022 година, Путин се смета за отпадник на Западот и на други места низ светот, изолиран, под санкции на САД и под закана од потерница од Меѓународниот кривичен суд. Претходникот на Трамп, Џо Бајден, одби да се сретне со него.

„Перцепцијата“ за самитот - на американска почва, добредојде со црвен тепих, личен поздрав од американскиот претседател, е сама по себе - победа за Кремљ.

„Путин сигурно го доби она што го сакаше од овој состанок“, рече Михаил Алексеев, политиколог на Државниот универзитет во Сан Диего и експерт за управување со Украина.

„Тој доби добредојде, црвен тепих. Доби ракување. Дури доби и аплауз од Трамп кога излезе од авионот. Всушност, тоа ја нормализира неговата позиција како светски лидер.“

XS
SM
MD
LG