Католичките и православните верници ширум светот го прославуваат Велигден, со кој се слави централниот настан на христијанството - воскресението на Исус Христос од мртвите. Годинава одбележувањето на најголемиот христијански верски празник е на истиот ден, на 20 април, што не е секогаш така, бидејќи православната црква го користи јулијанскиот, а католичката црква грегоријанскиот.
Велигден во светот низ фотографии

13
Вартоломеј I (во средината), врховен поглавар на Вселенската патријаршија во Константинопол, води миса во Патријаршиската црква Свети Георгиј во Истанбул, Турција, 20 април 2025 година.

14
Верници во катедралата Света Тројца за Велигден, Карачи, Пакистан, 20 април 2025 година.

15
Деца облечени како ангели гледаат велигденска поворка, Апалит, Пампанга, Филипини, 20 април 2025 година.

16
Верници во црквата Свети Јован по повод Велигден, Најроби, Кенија, 19 април 2025 година.