Архитектонскиот брутализам е стил кој стана популарен во втората половина на минатиот век. Во поранешна Југославија се некои од „иконите“ на овој стил. Дури и само да минувавте низ Белград на пат кон Западна Европа, не можеше да ја пропуштите кулата Генекс или пак Главната пошта во Скопје, Тјентиште во Босна...
Брутална убавина: Бетонските зданија на СФРЈ

Петли на теписите во Палатата Србија.
„Срамота е вакво ремек дело да се крие од луѓето“, вели кустосот на зградата. Мебелот и теписите се изработуваат по нарачка, а некои од најистакнатите уметници создаваат слики и мозаици.

Уште една конкретна икона на поранешна Југославија - ова е споменикот во Петрова Гора, Хрватска.
Подигнат е во спомен на загинатите во Втората светска војна.

Воен споменик во Тјентиште, Босна и Херцеговина.
Споменикот е наречен „Битката на Сутјеска“.

Миодраг Живковиќ, сега починатиот архитект и скулптор на познатиот споменик во Тјентиште, завршен во 1971 година.
Тој беше меѓу првите во Југославија што почна да користи бетон за своите дела. Пред неколку години, тој за Ројтерс изјави зошто избрал бетон: „Бидејќи тоа е цврст материјал кој личи на камен, но полесно е да се работи со него“.