Фат-360: Иранскиот проектил наводно во руски раце
Неодамнешните медиумски извештаи тврдат дека Русија добила ракетни системи Фат-360 од Иран, заедно со стотици проектили. Еве како изгледа тој вооружен систем и како може да влијае на војната во Украина.

5
Билборд во Техеран покажува поголема ракета од исто „семејство“ како и Фат-360.
Техеран ги негираше извештаите дека неговите проектили ѝ се доставуваат на Русија, но се чини дека висок ирански пратеник противречи на официјалната линија. На 7 септември, Ахмад Бахшајеш Ардестани изјави за иранските медиуми: „Мораме да се разменуваме за нашите потреби, вклучително и увоз на соја и пченица. Дел од размената вклучува испраќање ракети, а друг дел вклучува испраќање воени беспилотни летала во Русија“.

6
Фотографија од иранска ракета поставена на камион, истрелана во Ирак во септември 2022 година.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент на 9 септември им рече на новинарите дека Вашингтон е „неверојатно вознемирен“ од извештаите за предавањето на ракетните системи Фат-360 на Русија и предупреди за неодредени „значајни последици“ доколку се потврдат извештаите.