Илјадници Авганистанци во Иран во потрага по егзистенција
И покрај ризиците за нивната безбедност, илјадници Авганистанци, често без документи, доаѓаат во Иран за да најдат работа. Работниците во главниот град на провинцијата Нимруз, Зарањ, за РСЕ изјавија зошто ги преземаат овие ризици. ОН проценуваат дека во Иран живеат 2,6 милиони Авганистанци. Многумина ја напуштија својата татковина за да избегнат прогон и тешка економска криза откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година.