Настаните на денот низ фотографии - 24 октомври 2023
Од Зеќири до Туск

5
ЕУ - Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети во Брисел на 26 и 27 октомври. Нивното доаѓање го најави портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано, кој не можеше да потврди дали ќе има заедничка средба на лидерите.

6
МОЛДАВИЈА - Молдавија на 24 октомври го блокираше пристапот до повеќе од 20 веб-страници на руски медиуми, велејќи дека тие биле користени како дел од информативната војна против земјата.

7
ОН - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на 24 октомври обвини дека се прекршува меѓународното хуманитарно право додека Израел ја напаѓа Газа. Гутереш, говорејќи за време на седницата на Советот за безбедност на ОН, исто така повика на итен хуманитарен прекин на огнот за да се овозможи помош.

8
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Петмина државјани на Северна Македонија, кои се наоѓаат во Газа изразиле интерес да се вратат во државата, соопшти на 24 октомври македонското Министерството за надворешни работи.