Настаните на денот низ фотографии - 24 октомври 2023
Од Зеќири до Туск

9
РУСИЈА - Затворениот руски опозиционер Алексеј Навални е вратен во самица на 24 октомври, еден ден откако неговиот тип соопшти дека му биле одземени материјалите за пишување, кои му се единствено средство за комуникација со надворешниот свет.

10
КИНА - Кина го разреши министерот за одбрана, генералот Ли Шангфу од функцијата, пренесува агенцијата Асошиејтед прес (АП). Тој не се појавуваше во јавноста речиси два месеци. Повикувајќи се на државните медиуми, АП пренесува дека Ли е втор висок кинески функционер кој е сменет оваа година.

11
ПОЛСКА - Лидерите на полските опозициски проевропски партии, кои на изборите на 15 октомври освоија мнозинство во двата дома на парламентот, најавија дека заедно ќе формираат влада и дека за премиер го предлагаат поранешниот претседател на Европскиот совет, лидерот на Граѓанската коалиција, Доналд Туск.

12
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, започна од почеток, откако јавната обвинителка на денешното рочиште во Основниот Кривичен суд го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог, согласно измените на Кривичниот законик.