Настаните на денот низ фотографии - 9 ноември 2022
Од Камчев до Шојгу

9
МАКЕДОНИЈА - Познанството со новоизбраниот шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази со луѓе на ДУИ, не треба да коментира, со оглед дека станува збор за претставници на различни власти. Вака одговори Талат Џафери на прашањето на МИА околу релациите помеѓу владејачка партија и обвинителот.

10
СИРИЈА - Најмалку 14 лица загинаа во напад врз конвој на проиранската милиција во источна Сирија, во близина на границата со Ирак, објави денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, пренесува АФП. Оттаму не прецизираа кој го извршил нападот. Нападот погодил конвој „цистерни со гориво и камиони натоварени со оружје“ во пограничната област Албу Камал.

11
РУСИЈА - Односите меѓу Москва и Вашингтон ќе останат лоши без оглед на резултатите од среднорочните избори во Соединетите Американски Држави (САД), соопшти денеска Кремљ. „Овие избори, во суштина, не можат ништо да променат. Нашите односи засега се лоши и ќе останат такви“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските агенции.

12
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Димитар Ковачевски најави дека веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготвила потребната документација, врз основа на која ќе се склучат договорите со „ЕСМ продажба“ за снабдување со електрична енергија за физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, како и основните и средни јавни училишта.