Настаните на денот низ фотографии - 9 ноември 2022
Од Камчев до Шојгу

13
МАКЕДОНИЈА - Дојави за поставени експлозивни направи се добиени за уште две училишта во Скопје, покрај двете училишта за кои претходно информираше МВР. „Пријавата за новите бомби е добиена околу 10 часот, а половина час претходно стигнаа дојавите и за првите две училишта, од кои едното е гимназијата „Јосип Броз Тито“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Дојавите за бомби во средните училишта се чин на хибридна војна кон нашата земја и регионот, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

14
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Министерот во Владата на Велика Британија, Гавин Вилијамсон објави дека поднесува оставка од функцијата во новата конзервативна влада бидејќи е обвинет за „неморално“ однесување и испраќање недолични пораки до пратениците и поранешните колеги.