Настаните на денот низ фотографии - 9 ноември 2022
Од Камчев до Шојгу

5
РУСИЈА - Министерот за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските војници да се повлечат од десниот брег на реката Днепар во делумно окупираната област Херсон во Украина, што е уште едно повлекување од руска страна во услови на голем број неуспеси на Москва на боиштата во источниот и југоисточниот дел на Украина. Шојгу на состанокот со командантот на руските трупи во Украина, армискиот генерал Сергеј Суровикин, на 9 ноември рече дека повлекувањето мора да се спроведе што побрзо.

6
УКРАИНА - Заменик-гувернерот на украинската област Херсон, поставен од Русија загина во сообраќајна несреќа. Рускиот воен известувач за Кремљ, Семјон Пегов, блогерот Борис Рожин и државната новинска агенција РИА-Новости ја цитираа руската управа на Херсонската област која соопшти дека сообраќајната несреќа на 9 ноември во која загина Кирил Стремусов се случила во близина на градот Хеническ.

7
ЕУ - Европската комисија (ЕК) објави детали за пакетот економска поддршка од 18 милијарди евра за Украина во 2023 година, за кој се надева дека ќе биде одобрен од земјите-членки на ЕУ. Според планот, ЕУ ќе му испраќа на Киев 1,5 милијарди евра месечно во форма на 35-годишни заеми, со камати покриени од ЕУ, за поддршка на украинската влада во борбата против руската инвазија.

8
САД - Компанијата Мета соопшти дека ќе отпушти повеќе од 11.000 свои вработени, или 13 отсто од својата работна сила, во едно од најголемите технолошки отпуштања оваа година. Таа компанија, која меѓу другото е сопственик на Фејсбук, се бори со зголемените трошоци и слабиот пазар на рекламирање, пренесува Ројтерс.