Настаните на денот низ фотографии - 25 октомври 2022
Политичари и туристи

5
ЕУ - Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен на 26 октомври 2022 од Скопје ќе ја започне турнејата во земјите од Западниот Балкан. Целта на посетите, како што соопштија во Брисел, е таа да ја потврди посветеноста на Европската унија (ЕУ) на европските интеграции на регионот, но ќе стане збор и за војната во Украина и за енергетската криза.

6
МАКЕДОНИЈА - Останува досегашниот систем на сметање на времето, односно од викендов ќе почне зимското сметање со кое стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад.

7
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Риши Сунак е назначен за премиер на Британија, на местото на Лиз Трус по оставката минатата недела, која поднесе оставка по само 44 дена на функцијата поради нејзината економска програма, која ги наруши финансиските пазари, ги зголеми трошоците за живот на гласачите и разбесни многу на сопствената партија.

8
МАКЕДОНИЈА - Во рамките на Првиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа кој што се одржува во Загреб, претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, му додели на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Орден „Јарослав Мудриот“. Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, за значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.