Настаните на денот низ фотографии - 25 октомври 2022
Политичари и туристи

9
САД - Соединетите држави размислуваат да испратат постари системи за противвоздушна одбрана HAWK во Украина за да и помогнат против руските напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети, изјавија двајца американски официјални лица. Пресретнувачот на ракети земја-воздух со среден дострел HAWK би бил надградба на ракетните системи Стингер - систем за противвоздушна одбрана со помал дострел - што САД веќе и го обезбедија на Украина.

10
ЧЕШКА - Чешка од денеска им забранува влез во земјата на руски државјани со важечка шенген виза издадена од која било земја-членка на ЕУ кои патуваат за туристички, спортски или културни цели. Ова е дел од мерките на чешката влада на засиленото руско бомбардирање врз цивилни цели во Украина.