Настаните на денот низ фотографии - 25 октомври 2022
Политичари и туристи

1
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Димитар Ковачевски информира дека веќе се подготвува документација за отворање македонски културен центар во Благоевград и најави дека барање за тоа ќе биде испратено до бугарската Влада. На новинарско прашање Ковачевски денеска рече дека во недела, за кога е најавено отворањето на клубот во Бугарија, ќе биде во Скопје. Тој притоа порача дека отворањето вакви клубови да биде во насока на зближување, а не на раздор.

2
ХРВАТСКА - Нема да се измориме во поддршката на Украина, порачаа учесниците на Првиот парламентарен Самит на Меѓународната кримска платформа, која во украинско-хрватска организација беше одржан денеска во Загреб.

3
НОРВЕШКА - Контраразузнавачката служба на Норвешка уапси човек, кој работел на истражувачки проект на норвешки универзитет, под сомнение дека е руски шпион. Човекот бил уапсен на 24 октомври во арктичкиот град Тромсе, објави денеска државната телевизија НРК, повикувајќи се на Норвешката полициска служба за безбедност (ПСТ).

4
САД - Популарната апликација за размена на пораки Вацап (WhatsApp) проработи после неколкучасовен прекин. Корисниците ширум светот пријавуваа проблеми и прекини во работата на апликацијата. Со проблеми во работата на апликацијата се соочиле и корисници на мобилната верзија на сервисот, како и на десктоп верзијата.