Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево (30 август 2022) ги зафати Скопје и околината. Невремето предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Четири автомобили од кои во еден се наоѓале и деца се блокирани, a уште 15 лица биле заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје. На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада. Од службата за итна медицинска помош велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти не станува збор за посериозни повреди.
Силно невреме во Скопје и скопско

9
Невремето во Скопје беше проследено и со и врнежи од град

10
На неколку локации полицијата интервенираше во одглавување на автомобили и патници заглавени во возилата на поплавените улици

11
На неколку локации полицијата интервенираше во одглавување на автомобили и патници заглавени во возилата на поплавените улици

12
Од Градот Скопје соопштија дека по невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свикала итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје.