Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево (30 август 2022) ги зафати Скопје и околината. Невремето предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Четири автомобили од кои во еден се наоѓале и деца се блокирани, a уште 15 лица биле заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје. На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада. Од службата за итна медицинска помош велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти не станува збор за посериозни повреди.
Силно невреме во Скопје и скопско

13
Од Центарот за управување со кризи велат дека до нив постојано пристигаат дојави и пријави од разни локации на градот.

14
На телефонот 112 може да се пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила или поплавени простории, но апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.

15
Поплавите на улиците го закочија скопскиот сообраќај

16
Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…