Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево (30 август 2022) ги зафати Скопје и околината. Невремето предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Четири автомобили од кои во еден се наоѓале и деца се блокирани, a уште 15 лица биле заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје. На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада. Од службата за итна медицинска помош велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти не станува збор за посериозни повреди.
Силно невреме во Скопје и скопско

5
Невремето во Скопје беше проследено со силен дожд и град

6
Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…

7
Од службата за итна медицинска помош велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти не станува збор за посериозни повреди.

8
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на телефонот 112 граѓаните може да пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории