Српскиот патријарх Порфириј рече дека „враќањето на браќата од Македонија во единство е божје чудо“, а од МПЦ-ОА очекуваат СПЦ да испрати писмо до Вселенската патријаршија и поглаварот Вартоломеј, со барање за афтокефалност на македонската црква. Јавноста во Македонија е поделена дали овој чин е чекор напред или чекор назад во однос на барањата за афтокефален статус на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Лутургијата за „помирување“ на СПЦ и МПЦ-ОА низ фотографии
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ

5
Богослужбата се одвиваше и на македонски и на српски јазик и истовремено ја служеа владиците од двете цркви. Покрај поглаварите, на литургијата беа и најстарите владици од двете цркви

6
Пред и во храмот Свети Сава во Белград, за време на литургијата „за помирување“, имаше неколку стотини православни верници и претставници на разни институции

7
Српскиот патријарх Порфириј денеска ја поздрави одлуката на Македонската православна црква-ОА за враќање на единството со Српската православна црква (СПЦ) и другите православни цркви: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

8
Од МПЦ-ОА очекуваат до крајот на месецот СПЦ да испрати барање до Вселенската патријаршија за автокефален статус на Македонската црква