Српскиот патријарх Порфириј рече дека „враќањето на браќата од Македонија во единство е божје чудо“, а од МПЦ-ОА очекуваат СПЦ да испрати писмо до Вселенската патријаршија и поглаварот Вартоломеј, со барање за афтокефалност на македонската црква. Јавноста во Македонија е поделена дали овој чин е чекор напред или чекор назад во однос на барањата за афтокефален статус на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Лутургијата за „помирување“ на СПЦ и МПЦ-ОА низ фотографии
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ

9
Освен поглаварите на двете цркви, на литургијата присуствуваа и служеа најстарите владици од МПЦ-ОА и СПЦ

10
Како што ѕвонат ѕвоната на Светосавскиот храм, така и нашите срца бијат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте, мили браќа! Добредојде брате архиепископе Стефане и владико. Добредојдовте во заедницата на љубов, вие и сиот ваш благољубив народ. Браќа сме и само браќа, рекол српскиот патријарх Порфириј на пречекот на македонската црковна делегација пред храмот Свети Сава во Белград, а го цитираа српските медиуми