Муслиманите ширум светот го прославија Рамазан Бајрам, „празникот на прекин на постот“, кој го означува крајот на светиот месец Рамазан.
Муслиманите веруваат дека Рамазан ги учи на самодисциплина, самоконтрола, пожртвуваност и емпатија за помалку среќните. Празникот, исто така ја поттикнува великодушноста и задолжителното добротворство. Муслиманите веруваат дека постот (без храна или течности од изгрејсонце до зајдисонце) помага да се всади сочувство за помалку среќните.
Како и почетокот на Рамазан, Бајрам се одржува со првото гледање на младата месечина.
Како муслиманите ширум светот го прославија Рамазан Бајрам

5
Албанци муслимани држат утринската молитва на првиот ден од Бајрам на плоштадот Скендербег во Тирана на 2 мај.

6
Жена и дете учествуваат во молитвата за Бајрам на стадионот Динамо во Букурешт на 2 мај.

7
Киргистанскиот претседател Садир Јапаров (третото десно) се моли меѓу верниците во центарот на Бишкек на 2 мај.

8
Палестинци закачуваат џиновски транспарент за време на молитвата за Рамазан Бајрам што го означува крајот на Рамазан на комплексот познат на муслиманите како Благородното светилиште и на Евреите како планината на храмот во Стариот град во Ерусалим на 2 мај.