Муслиманите ширум светот го прославија Рамазан Бајрам, „празникот на прекин на постот“, кој го означува крајот на светиот месец Рамазан.
Муслиманите веруваат дека Рамазан ги учи на самодисциплина, самоконтрола, пожртвуваност и емпатија за помалку среќните. Празникот, исто така ја поттикнува великодушноста и задолжителното добротворство. Муслиманите веруваат дека постот (без храна или течности од изгрејсонце до зајдисонце) помага да се всади сочувство за помалку среќните.
Како и почетокот на Рамазан, Бајрам се одржува со првото гледање на младата месечина.
Како муслиманите ширум светот го прославија Рамазан Бајрам

9
Полицијата чува стража додека муслиманите присуствуваат на утринската молитва за Бајрам пред Централната џамија Соборнаја во Москва на 2 мај.

10
Пакистанско дете си игра со сандали за време на молитвата на Бајарам во Пешавар на 2 мај.

11
Муслимански девојчиња присуствуваат на молитва за Бајрам во парк во мешаниот арапско-еврејски град Јафа на 2 мај.

12
Босански муслимани учествуваат во молитвата за Бајрам пред џамијата Гази Хусрев-бег од 16 век во Сараево на 2 мај.