Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Најдоброто од фотографите на РСЕ во 2021

29
Подготовки за церемонија во Бабин Јар, Киев, Украина, на 29 септември. Оваа година беше одбележана 80-годишнината од масакрот во Бабин Јар, едно од најголемите масовни колежи на Евреи за време на Втората светска војна.

30
Авганистански жени собираат цвет на шафран во Херат, Авганистан, на 11 ноември. Растението се смета за алтернатива на одгледувањето афион во сиромашните рурални региони во земјата.

31
Грузијците на 15 ноември во Тбилиси се собраа за поддршка на Михаил Саакашвили, кој штрајкуваше со глад во затворот. Саакашвили, претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, беше уапсен веднаш по враќањето од самонаметнатиот егзил во Украина.

32
Авганистанци кои бегаат од својата татковина по преземањето на Талибанците преминуваат во Пакистан на граничниот премин Чаман на 17 ноември.