Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Најдоброто од фотографите на РСЕ во 2021

33
Ветерниот парк Бајгора, Косово, на 18 ноември. Косово добива само 3-5 насто од својата енергија од обновливи извори и е една од многуте балкански земји што се соочи со недостиг на енергија оваа зима.

34
Националниот историски музеј во Бишкек, Киргистан, повторно беше отворен по реновирањето на 19 ноември.

35
Илјадници рудари ја прекинаа работата во рудниците за јаглен во Босна и Херцеговина на 23 ноември и протестираа пред седиштето на владата во Сараево барајќи подобри работни услови и повисоки плати.

36
Украински војник на фронтот соочен со сепаратистите поддржани од Русија во регионот Луганск во источна Украина, на 7 декември. Тензиите се зголемуваат во регионот бидејќи Русија собра околу 100.000 војници на својата граница со Украина.