Обилни дождови во текот на ноќта и утрото на 5 ноември ја погодија Босна и Херцеговина. Поплавени се згради и семејни куќи во некои населени места во Сараево, а во тек е евакуација на луѓето од тој дел. Поради големото количество вода во градот затворени се дел од патиштата. Невремето го зафати и поширокото подрачје на Мостар. Според извештајот на Цивилната заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон, обилните дождови предизвикале поплави, лизгање на земјиштето и прекин на електричната енергија. Оперативниот центар за цивилна заштита и противпожарна заштита на ХНК во петокот наутро соопшти дека водостојот на реката Неретва на мерната станица Главатичево ноќта меѓу четвртокот и петокот во 01:30 часот изнесувал 514 см, што е највисок водостој во досегашните мерења.
Населби под вода во Сараево, нивото на реките се зголемува

9
На терен се и тимовите за цивилна заштита на кантонот Сараево и полицијата. Населба Отес, Сараево, 5 ноември 2021 година.

10
Општина Источна Илиџа (Република Српска) на официјалниот Фејсбук профил побара од граѓаните да помогнат во акцијата за полнење вреќи со песок, кои ќе се носат до речните корита за одбрана на загрозените населени места. 5 ноември 2021 година.

11
Невремето го зафати и поширокото подрачје на Мостар. 5 ноември 2021 година.

12
Мостар, 5 ноември 2021 година