Обилни дождови во текот на ноќта и утрото на 5 ноември ја погодија Босна и Херцеговина. Поплавени се згради и семејни куќи во некои населени места во Сараево, а во тек е евакуација на луѓето од тој дел. Поради големото количество вода во градот затворени се дел од патиштата. Невремето го зафати и поширокото подрачје на Мостар. Според извештајот на Цивилната заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон, обилните дождови предизвикале поплави, лизгање на земјиштето и прекин на електричната енергија. Оперативниот центар за цивилна заштита и противпожарна заштита на ХНК во петокот наутро соопшти дека водостојот на реката Неретва на мерната станица Главатичево ноќта меѓу четвртокот и петокот во 01:30 часот изнесувал 514 см, што е највисок водостој во досегашните мерења.
Населби под вода во Сараево, нивото на реките се зголемува

13
Водостојот на реката Неретва на мерната станица Коњиќ во петокот во 16 часот изнесуваше 530 см, воедно е највисок водостој забележан досега. На фотографијата е Миљацка во центарот на Сараево на 5 ноември 2021 година.