Напаѓачот со нож, извикувајќи ‘Алаху Акбар’ (Бог е голем), обезглави една жена и уби уште две лица во нападот во црква во францускиот град Ница, соопшти локалната полиција и официјални лица. Градоначалникот Кристијан Естроси на Твитер изјави дека нападот во Ница се случил во или во близина на градската црква Нотр Дам и дека полицијата го уапсила напаѓачот, пренесува Ројтерс. Тој исто така рече дека нападот има елементи на тероризам.
Ница по нападот во црквата Нотр Дам

13
Патроли на улиците во градот

14
Освен полицајци улиците се обезбедни и од војници

15
Форензичари пред црквата Нотр Дам

16
Влезот во црквата Нотр Дам