Made in Idrizovo: Везење надеж зад решетки
Група осуденички од отвореното одделение во КПУ „Идризово“ од понеделник до петок минуваат едно работно време во затворската шивална. Таму, велат, везат надеж и шијат промени, на иницијатива на модната дизајнерка Ирина Тошева. Таа со помош на донации опремила простор во кој затвореничките освен што го пополнуваат секојдневието, се ресоцијализираат и учат занает кој може да го користат по излегувањето од затворот. Додека се таму, шијат и везат чанти, бандани и несесери кои се продаваат надвор од затворот со етикета „Made in Idrizovo“.