Митинзи на белоруската опозиција и на поддржувачите на Лукашенко
Белорусите протестираа на 17-ти ден по ред против резултатите од претседателските избори на 9 август за кои се смета дека се фалсификувани. На митингот во Минск се бараше оставка на претседателот Александар Лукашенка. Неговите поддржувачи одржаа митинг на друго место во белоруската престолнина.