До ова доаѓа по над две недели протести за смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој почина откако полицаец во Минеаполис го притискал коленото на вратот на Флојд скоро девет минути при неговото апсење. Станува збор за драматично поместување во Соединетите држави кон справување со симболите за кои многу луѓе велат дека му оддаваат почит на расизмот.
Статуи и споменици - цел на антираситичкото движење
Контроверзните статуи на сопственици на робови и споменици на Конфедерацијата се уриваат или оштетуваат за време на протестите за смртта на Џорџ Флојд.

5
Транспарент над натписот на пиедесталот на соборената статуа на Едвард Колстон во Бристол, Англија. Соборувањето на статуата беше пречекано со радосни сцени, признавање на фактот дека тој бил озлогласен трговец на робови.

6
Статуата на војникот на Конфедерацијата, Џон Б. Кастлман е подготвена за отстранување од пиедесталот каде стоеше повеќе од 100 години, додека протестите против расна нееднаквост продолжуваат, во населбата Чироки во Луисвил, Кентаки, САД 8 јуни. 2020 година.

7
Статуи на Конфедерацијата како оваа прикажана во Александрија, Вирџинија, САД, се отстранети по наредба на локалните власти и Владата на Вирџинија.

8
Фотографија од видео направено и објавено од белгискиот телевизиски канал АТВ-АНТВЕРП ТЕЛЕВИЗИЈА на 9 јуни 2020 година во Антверпен, ги прикажува градските работници како ја симнуваат статуата на починатиот белгиски крал Леополд Втори. Статуите на Леополд веќе долго време беа цел на активисти поради неговите активности во белгиските африкански колонии.