До ова доаѓа по над две недели протести за смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој почина откако полицаец во Минеаполис го притискал коленото на вратот на Флојд скоро девет минути при неговото апсење. Станува збор за драматично поместување во Соединетите држави кон справување со симболите за кои многу луѓе велат дека му оддаваат почит на расизмот.
Статуи и споменици - цел на антираситичкото движење
Контроверзните статуи на сопственици на робови и споменици на Конфедерацијата се уриваат или оштетуваат за време на протестите за смртта на Џорџ Флојд.

9
Статуа на поранешниот белгиски крал Леополд Втори испрскана со графити во паркот во Тервурен, во близина на Брисел, Белгија, на 9 јуни 2020 година.

10
Демонстранти ја соборија статуата на Едвард Кармак, откако мировните демонстрации се претворија во насилни на 31 мај 2020 година, во Нешвил, Тенеси. Кармак беше политичар во раните 1900ти познат по неговите расистички позиции.

11
Пиедесталот на кој беше статуата на генералот на Конфедерацијата, Роберт Ли, стои празен пред средното училиште, именувано по него во Монтгомери, Алабама. Четири лица беа обвинети за кривично однесување откако некој ја отстрани статуата среде протестите на по убиството на Џорџ Флојд во Минесота.

12
Луѓе се собираат околу споменикот на генерал Роберт Ли во Ричмонд, Вирџинија, на 4 јуни 2020 година, во услови на континуирани протести за смртта на Џорџ Флојд. Претходно гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам, објави дека планира да ја отстрани статуата на генералот Ли „што е можно поскоро“.