Со инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД започна една година богата со настани, вклучувајќи низа воени победи над милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак, протести против владата низ Русија и терористички напади во многу земји. 2017 низ слики.
2017 во слики
Со инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД започна една година богата со настани, вклучувајќи низа воени победи над милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак, протести против владата низ Русија и терористички напади во многу земји. 2017 во слики.

17
Ирански полицајци им помагаат на цивилите да ја напуштат зградата на парламентот во Техеран. Најмалку 12 лица загинаа во двојни напади врз парламентот и гробот на поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Хомеини. 7 јуни 2017 година.

18
Пламен и чад зафаќаат кула во Лондон, на 14 јуни 2017 година. Над седумдесет лица, вклучувајќи и децата, загинаа во пожарот во кулата Гренфел. Во декември започнаа официјални истраги за причините за катастрофата.

19
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп, на нивниот прв состанок, на самитот на Г20 во Хамбург, Германија, 7 јули 2017 година.

20
Ковчези со 71 жртва од масакрот во Сребреница чекаат на погреб на 11 јули 2017 година. Секоја година, се погребуваат повеќе тела откако ќе бидат идентификувани. Во ноември поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, беше прогласен за виновен за геноцид во Сребреница од страна на Трибуналот на ОН.