Кениските власти велат дека го имаат под контрола трговскиот центар во Најроби откако во саботата припадници на исламситичката група Ал Шабаб таму убија 70 луѓе и задржаа десетици заложници. Агенциите јавуваат дека во центарот се уште се слушале пукотници и детонации.