Украинската пченица гори додека се заканува криза со храна
Летниот топлотен бран и можното намерно таргетирање на украинското обработливо земјиште додадоа застрашувачки нов елемент во руската инвазија бидејќи делови од полињата со пченица беа уништени од пожар.

1
Украински борец поминува покрај запалено поле со пченица, во источна Украина во близина на линијата на фронтот на 17 јули.

2
Пожар низ полето со пченица во регионот на Миколаев на 17 јули. Ваквите пожари стануваат се почести поради топлото време во Украина.

3
Фотографијата направена на 8 јули покажува масовно уништување на полињата со пченица во близина на Сиверск во регионот на Доњецк. Пожарите во веќе исушените полиња со пченица лесно можат да бидат предизвикани од експлозии или од загреани фрагменти од артилериски шрапнели.

4
Руските сили исто така се обвинети дека намерно ја гаѓаат прехранбената инфраструктура во Украина. Новинарите на РСЕ беа сведоци на палење на магацин на сончоглед на 31 мај. Украинските војници тврдеа дека магацинот бил цел на артилериски напад.