До ова доаѓа по над две недели протести за смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој почина откако полицаец во Минеаполис го притискал коленото на вратот на Флојд скоро девет минути при неговото апсење. Станува збор за драматично поместување во Соединетите држави кон справување со симболите за кои многу луѓе велат дека му оддаваат почит на расизмот.
Статуи и споменици - цел на антираситичкото движење
Контроверзните статуи на сопственици на робови и споменици на Конфедерацијата се уриваат или оштетуваат за време на протестите за смртта на Џорџ Флојд.

1
Статуата на Роберт Милиган, робовладетел, е отстранета од Музејот Докландс во Лондон по смртта на Џорџ Флојд кој почина во полициски притвор во Минеаполис, Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, најави преглед на сите статуи на градот и на имињата на улиците, велејќи дека оние што имаат врски со ропството „треба да бидат отстранети“.

2
Отстранување на статуа на Роберт Милиган во Лондон.

3
Оваа комбинација на слики покажува демонстранти кај статуата на трговецот со робови Едвард Колстон во Бристол, југо-западна Англија, за време на демонстрациите организирани за да се покаже солидарност со движењето „Black Lives Matter“ поради убиството на Џорџ Флојд.

4
Статуата на трговецот со робови од 17 век Едвард Колстон во Бристол, Британија фрлена во вода откако демонстрантите ја срушија за време на протестот против расната нееднаквост по смртта во полицискиот притвор во Минеаполис на Џорџ Флојд.