Старбакс, Кока Кола и Мекдоналдс „на руски“
Како што западните компании го напуштаат рускиот пазар, тие се заменети со некои брендови со многу сличен изглед.

1
Ова е Stars Coffee во центарот на Москва, Арбат улицата. На 18 август беше отворен ланецот за кафе налик на Старбакс.

2
Во мај, Старбакс им се придружи на голем број други големи западни брендови во повлекувањето од Русија поради руската инвазија врз Украина.

3
Stars Coffee го започна рускиот рапер Тимати, кој во песна од 2015 година напиша дека „Претседателот Путин е мојот најдобар пријател“ и сопственик на некои руски ресторани, Антон Пински. Тој најави дека голем број празни поранешни кафулиња на Старбакс ќе бидат повторно отворени под нивниот бренд Stars Coffee во наредните месеци. Старбакс имаше 130 продажни објекти во Русија и речиси 2.000 вработени.
![Пински во изјавата за новинарите на отворањето во Москва рече дека „перцепциите на луѓето може да бидат различни, но ако се споредите, тогаш нема да најдете ништо заедничко [со логото на Старбакс] освен кругот“.](https://d15t475e36mjva.cloudfront.net/01320000-0aff-0242-0e64-08da81de8411_w1024_q10_s.jpg)
4
Пински во изјавата за новинарите на отворањето во Москва рече дека „перцепциите на луѓето може да бидат различни, но ако се споредите, тогаш нема да најдете ништо заедничко [со логото на Старбакс] освен кругот“.