Десетици илјади луѓе веќе неколку денови излегуваат на улиците на многу американски градови на протести против полициската бруталност и расната нееднаквост. Во Вашингтон беа одржани најголемите демонстрации од 25-ти мај, по смртта Џорџ Флојд, афроамериканец кој почина додека беше во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Големи протести имаше и во Њујорк, Филаделфија, Сиетл, Чикаго и Лос Анџелес. Протестите за време на викендот се одвиваа главно без поголеми насилства, за разлика од жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата во претходните денови. Анти расни протести имаше и во неколку држави во светот како Британија, Германија, Белгија, Италија. Во британскиот град Бристол демонстрантите ја урнаа статуата на познатиот трговец со робови Едвард Колстон и ја фрлија во пристаништето.
Протести по убиството на Џорџ Флојд низ светот
Протестите низ САД и други земји ширум светот продолжуваат по смртта на Џорџ Флојд на 25 мај 2020 година.

13
Демонстрант кој носи маска за лице присуствува на митингот во солидарност со движењето „Black Lives Matter“ во центарот на Софија, Бугарија.

14
Луѓе на протестот против расната нееднаквост во Бруклин, Њујорк, САД 6 јуни 2020 година.

15
Black Lives Matter демонстранти се тепаат со приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп додека полицијата се обидува да ги прекине судирите за време на демонстрациите поради полициското убиство на Џорџ Флојд во Хантингтон Бич, Калифорнија САД, 06 јуни 2020 година.

16
Демонстранти се собираат за време на протестите, како дел од континуираната реакција на смртта на Џорџ Флојд во Беверли Хилс, Калифорнија, САД, 6 јуни 2020 година.