Десетици илјади луѓе веќе неколку денови излегуваат на улиците на многу американски градови на протести против полициската бруталност и расната нееднаквост. Во Вашингтон беа одржани најголемите демонстрации од 25-ти мај, по смртта Џорџ Флојд, афроамериканец кој почина додека беше во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Големи протести имаше и во Њујорк, Филаделфија, Сиетл, Чикаго и Лос Анџелес. Протестите за време на викендот се одвиваа главно без поголеми насилства, за разлика од жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата во претходните денови. Анти расни протести имаше и во неколку држави во светот како Британија, Германија, Белгија, Италија. Во британскиот град Бристол демонстрантите ја урнаа статуата на познатиот трговец со робови Едвард Колстон и ја фрлија во пристаништето.
Протести по убиството на Џорџ Флојд низ светот
Протестите низ САД и други земји ширум светот продолжуваат по смртта на Џорџ Флојд на 25 мај 2020 година.

17
Полицијата ги прска демонстрантите со бибер спреј во Централната станица по митингот на „Black Lives Matter“ во Сиднеј, Австралија.

18
Член на Националната гарда стои во Меморијалот на Линколн за време на протестот против расната нееднаквост по смртта во полицискиот притвор во Минеаполис на Џорџ Флојд, во Вашингтон.

19
Демонстранти се собраа на паркот „Вашингтон Сквер“, за време на протестот против смртта на Џорџ Флојд, во Њујорк.

20
Демонстрантите клекнуваат по тепачката за време на маршот на „Black Lives Matter“ во Лондон.