Десетици илјади луѓе веќе неколку денови излегуваат на улиците на многу американски градови на протести против полициската бруталност и расната нееднаквост. Во Вашингтон беа одржани најголемите демонстрации од 25-ти мај, по смртта Џорџ Флојд, афроамериканец кој почина додека беше во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Големи протести имаше и во Њујорк, Филаделфија, Сиетл, Чикаго и Лос Анџелес. Протестите за време на викендот се одвиваа главно без поголеми насилства, за разлика од жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата во претходните денови. Анти расни протести имаше и во неколку држави во светот како Британија, Германија, Белгија, Италија. Во британскиот град Бристол демонстрантите ја урнаа статуата на познатиот трговец со робови Едвард Колстон и ја фрлија во пристаништето.
Протести по убиството на Џорџ Флојд низ светот
Протестите низ САД и други земји ширум светот продолжуваат по смртта на Џорџ Флојд на 25 мај 2020 година.

1
Двајца демонстранти со рацете нагоре, за време на протестот против расната нееднаквост по смртта во полицискиот притвор во Минеаполис на Џорџ Флојд, во близина на источниот предел на полицискиот оддел Сиетл во Сиетл, Вашингтон, САД 8 јуни 2020 година.

2
Поддржувачите на борците за економска слобода (ЕФФ) се собираат пред амбасадата САД во Преторија, на 8 јуни 2020 година.

3
Демонстрант за време на протестот, организиран од Black Lives Matter во Белгија, против расна нееднаквост во центарот на Брисел, Белгија, на 7 јуни 2020 година.

4
Демонстрант пред ѕидот на кој се прикажани имиња на црнци кои биле убиени од полицијата, во близина на Белата куќа за време на мирниот протест против полициската бруталност и смртта на Џорџ Флојд, на 7 јуни 2020 година во Вашингтон.