Десетици илјади луѓе веќе неколку денови излегуваат на улиците на многу американски градови на протести против полициската бруталност и расната нееднаквост. Во Вашингтон беа одржани најголемите демонстрации од 25-ти мај, по смртта Џорџ Флојд, афроамериканец кој почина додека беше во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Големи протести имаше и во Њујорк, Филаделфија, Сиетл, Чикаго и Лос Анџелес. Протестите за време на викендот се одвиваа главно без поголеми насилства, за разлика од жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата во претходните денови. Анти расни протести имаше и во неколку држави во светот како Британија, Германија, Белгија, Италија. Во британскиот град Бристол демонстрантите ја урнаа статуата на познатиот трговец со робови Едвард Колстон и ја фрлија во пристаништето.
Протести по убиството на Џорџ Флојд низ светот
Протестите низ САД и други земји ширум светот продолжуваат по смртта на Џорџ Флојд на 25 мај 2020 година.

5
Демонстрант приведен за време на протестот на „Black Lives Matter“ во, Лондон, Британија, на 7 јуни 2020 година.

6
Луѓе се собираат во Барселона, Шпанија за време на демонстрациите за смртта на Џорџ Флојд.

7
Луѓе се собираат околу импровизиран меморијал во чест на жртвите на полициската бруталност, за време на демонстрациите против расизмот, во Холивуд, Калифорнија, на 7 јуни 2020 година.

8
Маж излегува од возило со пиштол додека му се дава помош на едно застрелано лице откако се обидел да вози преку луѓето кои протестираат против расната нееднаквост по последиците од смртта во полицискиот притвор во Минеаполис на Џорџ Флојд, во Сиетл, Вашингтон , САД 7 јуни 2020 година.