Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер и со епицентар во Петрињa, на 46 километри од Загреб, регистрираше денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Во Петриња загинале 5 луѓе, а се стравува за уште жртви. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека луѓето мора да се сместат негде, бидејќи во Петриња не е безбедно. На помош стасаа војската, Црвениот крст, пожарникари...
Нов земјотрес во Хрватска - Епицентарот во Петриња

1
Спасувачките екипи и жители на градот Петриња ги ослободуваат затрупаните автомобили за да проверат дали има некој заглавен внатре.

2
На локалните екипи во Петриња на помош им се приклучиле и екипи од Хрватскиот Црвен крст, армијата, пожарникари...

3
Голем дел од куќите и старите згради во Петриња се разурнати и, како што денеска изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, градот не е безбеден.

4
Сеизмолошка мапа на Петриња, град на 46 километри од Загреб, каде бил епицентарот на денешниот земјотрес.