Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер и со епицентар во Петрињa, на 46 километри од Загреб, регистрираше денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Во Петриња загинале 5 луѓе, а се стравува за уште жртви. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека луѓето мора да се сместат негде, бидејќи во Петриња не е безбедно. На помош стасаа војската, Црвениот крст, пожарникари...
Нов земјотрес во Хрватска - Епицентарот во Петриња

5
Жител на Загреб во својот двор во кој паднале ќерамидите од куќите по вчерашниот и денешниот земјотрес. Освен во хрватската престолнина, денешниот земјотрес бил силно почувствуван и други делови на Хрватска, па дури и во Босна и Херцеговина и во Србија.

6
Полицијата денеска обезбедуваше делови од Загреб каде имаше одрони од зградите паднати на улиците и тротоарите од денешниот земјотрес.

7
Иако земјотресот во Загреб бил со послаб интензитет отколку во епицентарот во Петриња, на не мал број згради била причинета материјална штета.

8
Веднаш по земјотресот, жителите на хрватската престолнина ги напуштиле домовите и работните места и излегле надвор.