Муслиманите ширум светот го прославија Рамазан Бајрам, „празникот на прекин на постот“, кој го означува крајот на светиот месец Рамазан.
Муслиманите веруваат дека Рамазан ги учи на самодисциплина, самоконтрола, пожртвуваност и емпатија за помалку среќните. Празникот, исто така ја поттикнува великодушноста и задолжителното добротворство. Муслиманите веруваат дека постот (без храна или течности од изгрејсонце до зајдисонце) помага да се всади сочувство за помалку среќните.
Како и почетокот на Рамазан, Бајрам се одржува со првото гледање на младата месечина.
Како муслиманите ширум светот го прославија Рамазан Бајрам

1
Официјален претставник од Министерството за религија користи телескоп за да ја види новата месечина во Лок Нга, Индонезија, на 1 мај. Бидејќи исламот користи лунарен (хиџри) календар, гледањето на Месечината го одредува почетокот на Еид ал-Фитр, означувајќи го крајот на Рамазан.

2
Индонезијци го слават празникот во Џакарта на 1 мај.

3
Жените ги покажуваат своите тетоважи од Хена за време на прославата на Чанд Раат или „Ноќ на месечината“ во Катманду, Непал, на 1 мај. Прославата ги собира семејствата и пријателите во пресрет на Бајрам за да ја забележат новата месечина.

4
Албанците се подготвуваат за утринската молитва на првиот ден од Бајрам во Тирана на 2 мај.