Во Босна и Херцеговина граѓаните гласаат на осми општи избори на 2 октомври. Од отворањето на избирачките места граѓаните излегоа да гласаат за новите членови на Претседателството на БиХ, ентитетските и државните парламенти, како и за кантоналните собранија во ентитетот на Федерацијата БиХ. Очекуваат подобар живот и грижа за младите.
Избори во Босна и Херцеговина

9
Општи избори во БиХ, граѓани го гледаат списокот на избирачко место во Сараево

10
„Им пишав на луѓето во дијаспората, на Фејсбук, гласајте луѓе, излезете, тешко е да се направат промени ако не излеземе сите“, нагласува Нијаз Јашаревиќ кој денеска гласаше во Мостар.

11
Гласање на избирачко место во Мостар

12
На подрачјето на Горажде отворени се 32 редовни избирачки места и едно место за гласање во отсуство и на непотврдени гласачки ливчиња. Доцнење на отворањето е забележано на две избирачки места.